Се навали, се навали Шар Планина
Се навали, се навали Шар Планина
Ми потфати, ми потфати три овчара
Ајде, ми потфати три овчара, ми потфати три овчара....
Шар Планина.Сместена во северозападниот дел на Македонија, оваа планина гледано од рамнината има изглед на питома, лесно браносана планина со средна висина. Но кога ќе почнете да се искачувате станувате свесни за нејзината грамадност. Најсилно се доживува од југоисточната страна, каде што, над тетовската котлина, планината се издигнува до релативна височина од 2.125 метри. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 метри.
Дали знаевте дека на Шар Планина има 27 планински езера, 100 поголеми извори и дека оваа планина е извориште на 25 поголеми планински реки? Дали знаевте дека на Шара има 44 видови на дивеч, преку 200 видови на птици и 147 видови на пеперуги со што е и најбогатото подрачје на Европа?
Сепак, круната ја носи, Qen i Sharrit или најчесто ШАРПЛАНИНЕЦ.
Добродушното но храбро куче стигнало на Балканскиот Полуостров со војската на Александар Македонски, каде што се приспособило кон суровите услови на македонските планини во кои живее со векови. Затоа и името го добил по планината каде што и најмногу е одгледуван. Ова овчарско куче е чувар по инстинкт, а познавачите велат дека не му е потребна дресура. Никогаш не лае без причина, бидејќи станува збор за куче кое мисли со својата глава. Она што еднаш ќе го научи, го памети цел живот. Но, шарпланинецот е и заштитник и другар, спасител и пријател, „топла прекривка“ во студените ноќи, сојузник во храброста и надеж во безнадежноста...
Но, шарпланинецот е и заштитник и другар, спасител и пријател, „топла прекривка“ во студените ноќи, сојузник во храброста и надеж во безнадежноста...
Реката Вардар или Axios е најголема и најважна река во Македонија и Грција. Долга е 388км и 4м длабока, а наводнува површина од околу 25.000 км2. Оваа река која е симбол на Република Македонија извира од местото Вруток.
Селото веќе не е познато само по изворот на Вардар и хидроцентралата, туку се' повеќе и според калифорниската пастрмка.
Историјата на селото, според некои преданија, е долга еден милениум. Има две цркви, „Св. Мина“ и „Св. Архангел Михаил„, една џамија и две теќиња - бектешиското и шелериското.
Првиот рибник за одгледување калифорниска пастрмка изграден е во 1962 година. Тука професорот д-р Вангел Стефаноски ја создал златната пастрмка.
Прошетката низ селото ќе ви ја открие ренесансата на селото. Четири зданија слични на сараи: два на влезот, „Бигор“ и „Кај Симе“, сретсело „Бурими“ (Извор) и на крај на селото „Панорама“. Тоа се вруточките ресторани во кои без исклучок се служи вруточка пастрмка.
Угостителската приказна ја почнал Зоран Спасески во 1997 година. Неговиот пример го следат и други, па трендот го продолжува и ресторанот „Кај Симе“. А скалестата тераса по кејот на Вардар, е на тројцата браќа Веапи, Меџит и Мејди.
Ниту еден не ја крие тајната на успехот, а таа велат е само напорно работење. Сите служат свежа калифорниска пастрмка одгледана во еден од четирите вруточки рибници и ја печат на скара на два начини - отворена и без коски и затворена.
Велат дека во Вруток се јаде повеќе риба дури и од Охрид.
Ex оваа моја чудесна земја!