Дојран - чудотворното праисториско море.

Велат, кога Господ го содал рајот, заборавил да го земе Дојран. Го оставил на земјата да не потсетува на Царството Небесно.

А дали Царството небесно се заслужува со сила? Тешко. Зошто тогаш сите светски војски ги кршеа копјата токму овде во Дојран. Го договорија Дојранскиот фронт, ги иселија Дојранчани, го разрушија Дојран до темел и ја поделија Македонија токму онде на Беласица.
 


Велат Историјата се повторува но како фарса. По падот на Самоиовото царство, Дојран потпаѓа под Византиска власт за разлика од другите македонски области кои припаѓаат на Охридската Архиепископија, Дојран потпаѓа под Цариградската Патриаршија. Овој храм посветен на Свети Илија, изграден во 1848 година, лоциран овде на ова зарамнето плато, врз канарите на Мечкина скала, во северниот дел на градот, близу езерото, свети како светилник низ времето. Овде бил владичкиот трон на полјанскиот епископ Партение Зогравски, прв владика со македонско потекло, кој ги држел богослужбите на црковно-словенски, а беседите на македонски јазик. Ако сакате повеќе да дознаете за овој соборен храм, посетете го манастирот Света Марија Магдалена каде што молитвено живеат монахињите Ефимија и Февронија.
 

Прасијас - Некогашна населба на Пајонците, 479 год. п.н.е. кои живееле во наколни живеалишта наречени Terra Mare и уште тогаш ловеле риба на специфичен начин, потоа Добер, Тауријан, Полин кој се толкува и со словенските зборови Поле, односно Појлана, а денес Дојран, кој се споменува уште во 17-от век кај патеписецот Евлија Челебија.

Денешен Дојран покрај тоа што е прекрасно место за одмор и рекреација, со својата медитеранска клима, лековита кал, алги кои испуштаат јод и ви создаваат чувство како да сте на море.

Или не! Тоа беше на патот за Дамаск, а овде на патот за Дојран ќе се насладувате на сите рајски овошја. Калинки, маслинки, киви, смокви, мандарини, но сево ова после ручекот, а за ручек рибја чорба, плескавица од икра и се разбира дојрански крап на трска.