Вијани банички - Комат

Тој ден на многу начини беше посебен. Пристигнавме во Охрид, заради Скребатно, заради Заум...
Лакос игнои, заради напуштената жичница…

И кога сето тоа го обиколивме, ми подготвија стар специјалитет: виткано, сукано или по охридски
- долги банички „вијани“ во тепсија и... печени под вршник.
 

Подготовка Средно тешка 120 мин. 4 лица

  1. Се замесува брашното со студената вода и се додава солта. Се меси додека не престане да се лепи и почне да се одвојува од садот.
     
  2. Од ова количество се изработуваат 8 мали топчиња кои се оставаат половина час да постојат.
     
  3. На оган ставаме едно тенџере со вода и во него го ставаме претходно исчистениот и измиен спанаќ да се обари. Промешуваме и по кратко време со цедалка го вадиме спанаќот од тенџерето, го ставаме на даската за сечење и го сечкаме. Исечканиот спанаќ го ставаме во еден поголем длабок сад. Додаваме јајца. Го додаваме сирењето и посолуваме. Се убаво мешаме за да се соединат состојките. Додаваме масло за јадење и повторно промешуваме.
    Садот го оставаме настрана.

     
  4. Од топчињата потоа се сукаат кори кои се премачкуваат со масло, и се тегнат да бидат што потенки и им се додава зајрето по желба. Со помош на чаршавот на кој сме ги расукале, внимателно ги завиткуваме во форма на ролат и добиваме - виени кори.
     
  5. Секоја кора се врти во голема тепсија (бр. 28 или 30) и се добива - виена баничка.
     
  6. За тоа ви е потребен еден час.
    Потоа доаѓа мајсторијата - печењето!

Прво петнаесетина минути се загрева вршникот.

На пирустија се става тавата или плехчето и потоа се покрива
со вршникот. Врз него се реди жар.

Мора да се внимава на огнот. Доколку е пресилен, се остава вршникот
да подистине. Се проверува на секои пет минути.

Печењето под вршник ќе ви одземе еден час.

Ако користите рерна, печете на 220ºC околу 20 мин. додека баничките
не се зацрвенат одозгоре.


ИСКОНСКА МУДРОСТ

И повторно, и повторно се уверувам дека најдобрите рецепти се наједноставни во својот состав. „Волшебни“ нешта се приготвуваат
од вода, брашно и сол. Но цела вистина е и дека во овие рецепти ќе го пронајдеме „исконското искуство на приготвување на храната“. Притоа, вршникот му дава посебност затоа што во ова модерно време ретко
кој го употребува.

Вијаните банички или коматот - како што уште го нарекуваат охриѓани,
не стигнуваат да се изладат. Дувате и јадете. Мирисот и стрвоста не ви дозволуваат да почекате.


 

Потребни состојки:

Tесто:
1 кг брашно тип 400

450-500 мл
студена вода

сол

Зајре:
500 гр спанаќ

малку сол

300 гр сирење

3 јајца