Клиси со праз

Подготовка средно тешка 120 мин. 4 лица

  1. На даска за сечкање со остар нож внимателно се двои месото од коската и се сечка на парчиња.
     
  2. Месото се посолува и се става на купче да одстои ½ час.
     
  3. Се зема средно голем сад со капак (тегла) и се става месото внатре.
     
  4. Се прелива со маслиново масло .
     
  5. Се додаваат лимонот, биберот (само притиснат за да се изрони), сецканите пиперки, ловоровиот лист и белото вино.
     
  6. Се растопува свинската маст и се прелива врз другите состојки. Теглата се затвора со капак и силно се протресува за да се измешаат убаво состојките на маринадата. Ова го повторуваме неколку пати со паузи од 30 мин. За време на паузата теглата ја држиме во тенџере со топла вода за да не се стврдне свинската маст.
     
  7. Ставаме неколку капки маслиново масло во тава за пржење. Ги вадиме мевцата од теглата и ги пржиме на умерен оган.
     
  8. Во меѓувреме го сечкаме празот на „ситно“ и го додаваме во теглата за да впие од маринадата. Кога мевцата во тавата ќе добијат убава крцкава кора, го додаваме празот со остатокот од маринадата и пропржуваме уште 5 минути.
     

Сервирање

Ја сервираме тавата директно на маса, со топол леб и вино.

 

Потребни состојки:

5-6 „шарени“
Свински кременадли
(околу коската и однадвор
да има бели прстени од сало)


200 гр свинска маст

100 гр маслиново масло

100 мл бело вино