Подготовка
Лесна
30 мин.
4 лица
-
Сварете го млекото.
-
Изладете го млекото со повремено мешање со жица, за да не се формира кајмак, што подоцна при мешање би се претворил во грутки. Млекото го ладите додека да стане млако, никако жешко, затоа што ќе се тегне кога ќе го скиселите.
-
Киселото млеко (за маја) треба да биде ладно, од фрижидер. Добро изматете го со жица.
-
Садот во кој ќе го киселите млекото загрејте го така што ќе го ставите под млаз топла вода.
-
Налејте го млакото млеко во топлиот сад. Додадете го и киселото млеко. Мешајте силно со жица за сè убаво да се изедначи. Садот ставете го на топло да отстои преку ноќ. Утрината ставете го садот во фрижидер да се лади четири до пет часа. Ладењето е многу важно, затоа што ако не е изладено од него ќе се двои вода.
СЕРВИРАЊЕ
При сервирање, не „копајте“ со лажицата, туку фино зафаќајте од површината. Можете да го разматите и да добиете јогурт. Со додаток на овошје, миксирано во блендер, добивате здрав овошен јогурт.
Не заборавајте да зачувате „маја“ за наредното кисело млеко, на тој начин со текот на времето ќе добивате сè поубав и повкусен производ.
Потребни состојки:
2 л млеко полномасно
(најубаво е домашно млеко)
200 мл кисело млеко
(подоцна секогаш оставајте го ова количество за „маја“).