Боза

Боза е освежителен ниско алкохолен (1%) пијалок направен со ферментација на пченица, шеќер и квасец. Според некои податоци, потекнува од Месопотамија а на Балканот се проширила со доаѓањето на османлиите. На блискиот исток е позната како пиво од интегрални житарки. Во Египет и до ден денес се изработува под сличното име – „Bouza”.

Многумина спорат околу вкусот на бозата и вечна e дилемата дали ни се допаѓа поради пријатните спомени од детството или поради самиот вкус. За мене лично, бозата е слатко енергетско „благце” од типот на Сутчијаш, Салеп или Ашуре кое се пие во моменти на опуштање...
 

Подготовка Лесно 4 лица

  1. Ставете ја пченицата во водата, добро промешајте и оставете ја да одстои 24 часа
     
  2. Утредента ставете ја пченицата на умерен оган и варете сѐ  додека не омекне убаво. Пред крај - додајте го оризот и варете да омекне и тој
     
  3. Оставете да се излади до собна температура 
     
  4. Со рачен блендер изблендирајте до фина каша. Процедете ја кашата низ ситна цедилка со еден слој газа врз неа. Ако е смесата многу густа и не истекува лесно низ газата - додајте уште вода
     
  5. Додајте го шеќерот и ванилин шеќерот
     
  6. Додадете го квасецот претходно разматен во 1/2 чаша вода
     
  7. Промешајте убаво, покријте го садот со пластична фолија за храна и ставете го на топло место да ферментира 24 часа
     
  8. Додајте го лимонтусот и додајте уште малку шеќер по вкус. Флаширајте и чувајте во затворени шишиња во фрижидер. (Не ги стегајте тапите премногу)
    На овој начин бозата ќе го задржи вкусот 4-5 дена

     

Во нашите краишта велат дека за поттикнување на млекото кај младите мајки – нема подобро од Боза.







 

Потребни состојки:

3 л вода

500 гр пченица

50 гр ориз

500 гр шеќер
(+ за дополнување по вкус)

1/2 кесичката сув квасец или
2 супени лажици домашен квасец

1/2 лажичка лимонтус

3 кесички ванилин шеќер