Подготовка
Лесна
45 мин.
4 лица
-
Навечер, ставете го гравчето во подлабоко тенџере и налејте млака вода. Следното утро гравчето ќе биде набабрено и подготвено за варење. Сѐ се вари на умерен оган. По кратко време ќе почне да врие и да се создава пена.
Некои велат дека оваа вода треба да се фрли поради тешко сварливите шеќери растворени во водата кои при конзумирање создаваат гасови. Но, истите овие материи се уништуваат и при долго варење на гравот, а за разлика од претходниот случај ќе го сочувате убавиот вкус на добрите материи растворени во водата. Значи – или оваа вода истурете ја и заменете ја со свежа, или продолжете со варење подолго време. (водата не ја фрлајте – одлична е за полевање цвеќе).
-
Додадете ловор, сол, бибер, сувите пиперки, цела главичка кромид и варете додека зрната не почнат да се распаѓаат.
-
Во тава ставате маслиново масло да се згрее, додавате ситно сечкан кромид и пржите додека да порумени, потоа додавате лажица брашно, продолжувате да пржите додека да почне да мириса на пржен леб, па додавате црвен пипер.
Пропржeте кратко за сѐ да се спои и тргате од оган.
Внимавајте добро да се испржи брашното – треба да добие златно жолта боја. Во спротивно го попречува варењето и можете да имате проблем со киселини во стомакот.
Во земјен сад со помош на цедалка го ставете гравчето, посолувате и одозгора ја распоредувате смесата од пржењето.
-
Долевате малку од течноста од варењето. (Внимавајте – веќе е солена). Ги додавате и везените пиперки, целите чешниња лук и ситно сечканото нане.
Се потпекува во рерна околу 30мин. Кога ќе почне да создава кломбурци и да шири волшебен мирис…ГОТОВО Е!
Се служи веднаш, но со подеднаков ентузијазам се јаде и ладно.
СЕРВИРАЊЕ
Оди со секаква салата особено свилена туршија и бело овчо сирење. „Фрлете” одозгора и понекоја маслинка.
Потребни состојки:
10,5 кгр. тетовско гравче
1 главица кромид
3 чешниња лук
2 суви везени пиперки
1 китка нане
1 лажица црвен пипер
1 лажица брашно
1 поголем домат ситно исечкан
200 гр маслиново масло
Сол
Црн бибер
Ловоров лист