Овој ориентален рецепт е познат низ целата западна Македонија. Вечна e полемиката - чиj е рецептот, кој го измислил, кој мајстор подобро го прави... Она што сите го признаваат е дека само најголемите мајстори се нафаќаат да го подготват и со гордост да ви го понудат.
Традиционално се правел со кравјо масло (1кг масло со 1кг брашно). Ние се обидовме со путер и применувајќи некои модерни техники со ладење и замрзнување добивме тесто кое истовремено е ем меко, ем крцкаво...
