Сок од Бозел
(Sambucus nigra)
Билките од природата кои можат да се користат за исхрана не содржат елементи од вештачки ѓубрива, хемикалии и други канцерогени агенси. Полни се со корисни хранливи состојки кои за жал целосно сме ги изоставиле од современиот начин на исхрана.
Кога ќе посетите некое село ќе ве зачуди навиката на мештаните постојано да прибираат плодови од својата околина. Ќе најдат дрво од слива или смоква – со радост ќе почнат да јадат на самото место.
Се берат дренки, мали диви сливчиња, лешници, лукчиња, ореви. Не попусто се вели природата е здравје и време е да се вратиме на исконските знаења за квалитетната исхрана. А македонскиот „шпајз” е преполн со тревки, плодови и растенија.
Едно такво растение е Бозелот. Тоа е планинаска грмушка со прекрасни цветови која во низините може да порасне и како дрво со висина до 5 метри.
Младите лисја на бозелот, цветовите и сокот од неговите плодови се богат извор на витамини, пред се на витаминот Ц и каротинот.

Подготовка
Лесно
90 мин.
4 лица
-
Водата, шеќерот и винскиот оцет се варат 30 минути на тивок оган.
-
Потоа се додава цветот од бозел, исецканите парчиња лимон и се вари уште 5 минути.
-
Се остава смесата да отстои преку ноќ а следниот ден се процедува низ газа и се става во шишиња, кои треба добро да се затворат.
-
Се пие ладен со додаток од кришки непрскан лимон и ливче нане.
Исклучително освежителен и здрав пијалок.
Бозелот помага и при неуралгии, при ишијас и болки во крстот (лумбаго). Како природен лек против овие болести се користи сокот од бозел, кој може да се пие ладен или топол. Велат, пиење на сок од бозел, два пати дневно доведува до брзо оздравување од овие болести.
Сокот од бозел со голем успех ја лечи и неуралгијата на нервот Тригеминус (нерв на лицето)...
Потребни состојки:
2 китки цветови од бозел,
1 кг нерафиниран (жолт) шеќер,
½ литар јаболков оцет,
1 лимон,
5 л вода.