Маџунот, или гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и аромата, така и по благотворното дејство врз човековото здравје.
За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Токму поради тоа маџунот претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки што ќе ви помогне да го зачувате и да го подобрите здравјето.
Познат е и како лек за закрепување на црниот дроб од жолтица.

Подготовка
Лесно
околу 180 мин.
-
Грозјето се меле и се цеди со помош на неколку слоеви газа во поголемо тенџере.
-
Добиениот сок (шира) се вари на умерен оган додека не добие густина на мед. Постојано собирајте ја пената од површината на сокот со помош на цедалка за чај. Внимавајте да не загори.
-
Откако убаво ќе се излади, се става во стерилизирани тегли или шишиња.
Во минатото, нашите баби и дедовци немале шеќер во изобилство како денес. Сиромашните страдале и за зрнце шеќер, го криеле од децата, заклучувајќи го во старите креденци. Им давале само по малку да пробаат и тоа од празник на празник – раскажуваат постарите. Слатките и колачите се подготвувале со маџун. Модерната наука го докажа овој начин на исхрана како исклучително здрав. Во Тиквешијата, домаќинките чуваат маџун стар и по дваесетина години. Со годините се згуснува и се претвора во чист гроздов слад.
И затоа, на крајот на летото појдете на гроздобер и подгответе си маџун.
Здравје и специјалитет во тегла – произведено во Македонија.
Потребни состојки:
6 кг црно грозје
(од ова количество
се добива околу
1 килограм маџун)