Кцана сол

Семејната традиција на подготвување кцана сол во фамилијата Доневски од селото Шлегово се практикува неколку колена наназад. Таа е дел од свечената трпеза за верскиот празник Велигден, а многу често и за Света Троица. Се подготвува напролет, иако јунските билки се највкусни

Кцаната сол е всушност готварска тајна на безмалку секое кратовско семејство. Некој става нешто плус, некој вади нешто од основниот рецепт и добива свој „бренд“.

Внатре, еден куп здрави нешта:

 

Подготовка Средно тешка 60 мин.

  1. Сите состојки (во ним само познато количество) се берат, се просеваат и се печат.
     
  2. Интересно е дека секоја тревка посебно се пече и тоа пополека, сè додека сосема не се исуши.
     
  3. Потоа сите состојки, вклучувајќи го и зрното и морската сол, се ставаат и се кцаат со ќускија во камен или во дрвен дибек, додека не станат како брашно.
     

Кцаната сол што ние ја пробавме е направена со 14 вида тревки. Искрено, одамна не бев се најала сол и леб. Но со кцаната сол... никако да запрете. Си велите: уште еден залак, па уште еден, па уште еден.

Тајната е велат во автохтоните семиња на тревките сто ги поседуваат со векови. И во бербата. Секоја тревка се сече со дрвени ножици и со дрвен нож. Само така може да се задржат хемиските состави што ги поседуваат.

Семејството Доневски вели дека странските гости особено „полудуваат“ по „пета“. Тоа е леб од фурна, попрскан со масло и ишарен со кцана сол. Кцаната сол може да ја употребувате самостојно, но и како зачин во некои варени јадења. Внимавајте кој „бренд“ ќе го пробате. Верувајте, има разлика.

 

Потребни состојки:

румуруска (зрнасто растение)

везенка пиперка

нане

ноктец

мајчина душица

чубрица

морска сол

... и уште неколку вида зачини,
кои нема да ви ги кажат.
Само може да ги насетувате
и да измислите свој рецепт.