Подготовка
Средно тешка
120 мин.
-
Месото се пропржува на силно загреано масло од сите страни за да се зацрвени.
-
Ситно исечкајте го кромидот и додајте ги во месото. Пржете додека да карамелизира кромидот, околу 10 минути. Додадете ги белите делови од младиот кромид, пржете уште 5 минути и на крајот додадете ги и зелените перки ситно исечкани. Додадете ги цели морковот, пашканатот и целерот (подоцна, кога ќе се сварат, отстранете ги). Пржете уште 5 минути.
-
Магдоносот се мие убаво, се сечка крупно и се додава во пржењето.
Се додава вода колку да се покрие месото.
-
Се вари на тивок оган додека да се свари месото (околу 45 минути).
Во тава ставате една лажица масло и една лажица брашно. Се пропржува додека не добие убава жолта боја и пријатен мирис, по што додаваме половина лажица црвен пипер. Тавата се трга настрана, се додаваат 200 грама вода, убаво се промешува и се сипува во тенџерето со месото. Посолуваме, додаваме бибер и оставаме да вари додека да се згусне околу 5 минути.
Сервирање
Традиционално, ова јадење се служи со топло лепче и овчо кисело млеко.
Потребни состојки:
500 гр јагнешко месо,
исечено на поголеми парчиња
1 главичка кромид
2 моркова
2-3 страка млад кромид
1-3 китки магдонос (македон)
1 супена лажица брашно
1 комплет за супа
(морков, пашканат, целер)
бибер во зрно
сол
црвен пипер
2-3 лажици масло