Подготовка
Лесно
90 мин.
4 лица
-
Оригиналниот рецепт вели дека еден килограм брашно се замесува со половина литар млака вода и шеќер до густина на тесто за палачинки.
-
Потоа, на голема замастена тава се става тестото со црпалка и се запечува од двете страни. Исто како и палачинките.
-
Испечените кори се редат во тава и секоја се попрскува со стопен путер и засолена вода по желба.
-
На секоја трета кора се додаваат толчените/мелените ореви. Кога целото тесто ќе се испече и ќе се наредат сите кори, се сечат како баклави и се запечуваат малку во рерна.
Начинот на подготовка многу потсетува на тури-потпечи, односно ѓомлезе, со таа разлика што корите тука се благи и многу подебели.
Современата домашна трпеза е создадена од комбинација на разни влијанија, оној стариот патријархален, по малку и ориентален начин на подготвување храна, измешан со „придобивките“ на современото општество - брзата кујна, зачинета со влијанија на европските.
Приказната за Ајша многу личи на нашата современа домашна трпеза и
е само една од илјадниците приказни скриени низ македонските села.
Впрочем, жената на овие наши простори секогаш била оценувана по својата кујна, грижата за семејството и како столб на куќата.
Тие едноставно ќе ви се насмеат и ќе ве прашаат: „Како сте по дома?“