Подготовка средно тешка 90 мин. 4 лица
-
Месото се сечка и секое посебно се пржи на скара. Откако ќе се испржи, се заедно се пропржува уште 3-4 минути.
-
Потоа се додава сечкана црвена пиперка, се зачинува и се додава матено јајце. Добро се замесува и се додава магдонос.
-
Исечените јагнешки кошулки се „растегнуваат“ преку на дното од длабока црпалка за супа, се става внатре месото, и се замотува со краевите од кошулката. Така обликувани и стиснати, нимателно се превртува црпалката и „слизнуваат“ во замастена тава.
-
Се пече во рерна. Доволни се 5 минути на температура 200-250 Целзиусови степени.
-
Се декорира со павлака и со гранче магдонос.
Се обидов да дознаам барем нешто за потеклото на името.
Од многуте објаснувања од битолчани, најпинтересно ми се виде она: „Ќебапот е голем колку орман“.
Потребни состојки:
По 250гр. свинска, јагнешка и
телешка кртина
1 Црвена везена пиперка
1 јајце
1/2 китка магдонос (само листови)
4-5 Јагнешки кошулки
(Обвивка од стомачен ѕид од јагне. Вообичаено се набавува да биде
поголема. Се потопува во
топла вода да омекне,
по што се сече на
4-5 дела големи
отприлика 15х15 см.)