Подготовка
тешка
120 мин.
4 лица
-
Во под тенџере се става водата, се додава сол и се чека да зоврие.
-
Во зовриената вода полека се истура пченкарното брашно за да се направи „купче“ како голема кнедла. Во „купчето“ со помош на сукало внимателно се прави дупка во која се става маслото за јадење.
-
На тивок оган смесата константно се меша сè додека не се изедначи. Внимавајте да не загори. Имајте на ум дека ова може да потрае, па најдете некого со добра кондиција да се зафати со мешањето.
-
Кога е сварено, се истура во тепсија. Со лажица се ситни на што помали грутки.
-
Путерот се преврива и се прелива врз готовата мазница. Се меша додека не се добие еднолична смеса.
Многумина од нас се сеќаваат на вкусов од детството, кога бабите и дедовците ни го подготвуваа овој специјалитет во котле во ладните зимски ноќи.
Обично дедо беше тој што со помош на сукало силно ја „бркаше“ смесата и на крајот врз врелата смеса истураше ладно кисело млеко.
Во поново време преминавме на индустриската верзија наречена Палента. Но, ако навистина сте љубител на здравата храна, заборавете ја Палентата и набавете си една вреќа пченкарно воденично брашно.
И – добар апетит!